Јавен сообраќаен превоз за сите граѓани, а не Јавен скопски превоз за редовни корисници

  • by: Elena K
  • recipient: Игор Јанушев, директор на Јавно сообраќајно претпријатие

за граѓаните на Скопје, Македонија и странските посетители

Драги Јсп,
Како што на сите ни е познато пред извесно време целосно стапи во сила вашиот нов систем на плаќање кој требаше да им олесни и помогне на граѓаните на град Скопје, Македонија, странските посетители како и на возачите на вашето претпријатие, но за жал работите не секогаш се одвиваат како што сте планирале (планирање, вид збор: именка, среден род, искористена во саркастична смисла, непозната за вас). Бидејќи ништо досега не помогна, ниту поплаките од граѓаните на социјалните мрежи(каде упорно не дававте никаков одговор и се дрзнавте дури и да бришете коментари), ниту изразеното незадоволство преку медиумите, ние граѓаните на град Скопје, на Македонија, а ќе си дадам дозвола да говорам и во име на странските посетители, бараме да го приспособите новиот тарифен систем на вашето претпријатие според потребите на граѓаните, а не според вашите потреби. Она што го бараме од вас е следното:
Прво и најбитно, морате да воведете билет за едно возење. Голем број од граѓаните на Скопје не го користат редовно јавниот превоз, потоа ако не ви е познато постојат граѓани кои инцидентно доаѓаат во Скопје и живеат во другите градови во Македонија, а и постојано имаме странски посетители.
Второ, бидејќи немате билетари насекаде низ градов под итно да воведете он лајн надополнување на картичките.
Трето, да воведете ноќен билет за едно возење бидејќи решенијата кои вие ни ги давате не помагаат никому. Велите дека можело да се плати со мобилен телефон откако ќе се активира услугата мобипеј, но очигледно не знаете дека мобипеј можат да ја активираат само пост-пејд корисници, односно корисници кои се на сметка, што значи луѓе кои се на при-пејд НЕ можат да ја користат таа услуга и тоа решение. Велите сте вовеле ноќна МЕСЕЧНА картичка која чини 400 денари(или 10 возења) за РЕДОВНИТЕ корисници на ноќните линии. Не знам дали ќе ви дојде ова како изненадување меѓутоа постојат граѓани кои се возат по три – четири пати во месецот со ноќните линии и доколку јас купам месечна ноќна картичка мене 6 возења ќе ми пропаѓаат секој месец односно за три-четири возења ќе плаќам 400 денари и ќе ве полнам вас со пари, а нема да добивам никаква услуга.
Четврто, под итно да го укинете времетраењето од 15 дена на картичките од 10 возења кои чинат 250 денари и кои отсекогаш постоеле но никогаш немало времетраење. Уште еднаш ќе напоменам дека јавниов превоз не постои само за редовни корисници, туку постојат и луѓе кои повремено го користат јавниот превоз, потоа постојат луѓе кои не живеат во Скопје и исто така замислете постојат и луѓе кои не живеат во Македонија.
Петто, под итно да ги вратите линиите 9 и 19 затоа што кај ве чекаат луѓе да си одат дома уште укинувате линии. Не ви држи вода објаснувањето дека оваа одлука била донесена уште минатата година ама сега стапила во сила и ете приватните превозници продолжуваат да постојат. Граѓани се жалат дека ги чекаат со саати приватните превозници и мрзнат на улица бидејќи и тие доцнат и доаѓаат кога сакаат.
Престанете да мислите на себе и слушнете ги граѓаните, вие постоите заради нас, а не обратно.

Со почит,
Граѓаните на Скопје, Македонија и светот

Sign Petition
Sign Petition
You have JavaScript disabled. Without it, our site might not function properly.

Privacy Policy

By signing, you accept Care2's Terms of Service.
You can unsub at any time here.

Having problems signing this? Let us know.