STOP ZA OKUPATORSKI PROSLAVI VO MAKEDONIJA-IZGRADBA NA SPOMENIK NA PADNATITE MAKEDONSKI ZRTVI NA KAJMAKCALAN

  • by: Strashko Olumchev
  • recipient: Pretsedatel na Republika Makedonija,Premier na Republika Makedonija

МАКЕДОНСКИОТ ФРОНТ И БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН
(вистината)
Дефинитивно,крајно време е некои работи да се кажат јавно и да се обелодени вистината,за да се прекине со фалсификатите и извртувањето на тези,кои што единствено одат во прилог на оние кои што и ден денес под плаштот на добрососедските односи,максимално се трудат да ги прикажат фактите онака,како што ним им одговара,а притоа сето тоа да оди контра и на штета,само и единствено на македонските национални интереси.
Од тие причини,можеби најдобро е прво да ја видиме другата страна на некоја си таму официјална вистина,па после да ги согледаме аспектите на однесувањето на комплетниот државен врв,а и некои други останати официјални лица од политиката,кои со нивното сервилно однесување,буквално ја понижија македонската државност.
Битката за Кајмакчалан,всушност представува офанзива на српската војска,контра сојузниците Бугарија и Германија,чии што војски бле распоредени долж линијата на Македонскиот Фронт (наречен Солунски и не е тешко да се претпостави зошто)..Потегот од Беласица,Дојран,Богданци,Гевгелија,преку Кожуф,Кајмакчалан,па се до Битола во главно е потегот на Македонскиот фронт,а битката е за врвот на Кајмакчалан (2521м.),како стратешко место од каде што се држи под контрола потегот према Мариово на север,јужно Воденското поле и потегот према Кожуф планина,кој представува сврзна компонента со останатиот дел од линијата на фронтот према Беласица. Брзото напредување на српските војски изнудило прераспоредување на силите кај сојузниците и генерал Винклер,командант на 11 германски корпус,ја презел командата на битолската линија на фронтот,а генерал Бојаџиев,командантот на 1 бугарски корпус,ја презел командата по долината на Вардар,со акцент на потегот од Гевгелија до Карасуле и Бојмица.19 дена борба за врвот на Кајмакчалан во која се дадени илјадници жртви и од двете страни.Дринската дивизија напагала директно ан Кајмакчалан,а на месноста наречена Старков гроб,напагала Дунавската дивизија,појачана со првата Тимочка бригада и за кратко време бугарските војски се потиснати спрема Црна Река.Спрема официјалните податоци,српската војска има околу 4700 погинати и нешто повеќе на другата страна. За ова толку и на кратко,онака,колку да се знае официјалната приказна..
Сега малце за онаа неофицијалната страна. Македонија во тоа време била територија распарчена и разграбана до немај каде,со секакви влијанија,почнувајќи од српското и бугарското најмногу. Секој во својот дел што го окупирал од Македонија,поставувал намесници,даскали,разни чиновници и администрација,попови итн.До таму се одело,да србите пред се буквално запоцнале со промена на презимињата на македонското население и на сите во официјалните документи им било додадено ИЧ на презимето. (Стојанов-Стојанович,Петров-Петрович,Митров-Митрович итн.) Токму од месното население(македонското),се регрутирани најголем број од тие нивните славни дивизии и корпуси.Иво српската и во бугарската војска. Сега вие погодете кој се погинатите на фронтот,барем најголемиот дел. Командниот кадар,од највисоките хиерархиски позиции,па се до најниските биле срби и бугари по род.Обичната војска најголемиот дел била составена од македонци по род,во служба на окупаторските сили на територијата на Македонија.Токму така.За туѓи интереси,на разграбената македонска територја,се тепале помеѓу себе и гинеле најголемиот број македонци по род. Некои знаат за ова,некои не,ама до скоро имаше живи сведоци на тие настани,кои самите раскажуваа за она што го виделе и осетиле како деца во тоа време. Од тука се наметнува прашањето на молчењето на МАНУ,македонските историчари и сите оние кои се повикани да ја кажат вистината.
Што се однесува до денешницата или ако сакате поточно за денес и оваа посетата на Тома Николич,неговата посета на Кајмакчалан во придружба на македонскиот претседател Ѓорге Иванов,како и пред два дена пречекот од страна на градоначалникот на Охрид ,Бакрачевски,на Јелисавета Караџорџевиќ,внуката на крвникот на македонскиот народ Александар Караџорџевиќ,е приказна сама за себе. Ова представува директно понижување на независноста и самостојноста на Македонија,понижување на македонскиот народ и неговата борба низ вековите за сопствена држава. Резили и срамотилаци од недоквакани политичари,кои со своите постапки директно влијаат на авторитетот на државата. Се прашувам до кога Македонија ќе трпи вакви одродници и про српски и бугарски вазали !? Дали нашиот народ е свесен дека со изборот на овие токмаци и сервилни слуги на секој што покажал заби спрема Македонија (тука го ставам и албанскиот фактор),директно се удира на македонската државност,суверенитет и интегритет !? Наголемо и помпезно се најавуваше ова посета преку некои медиуми,како нешто што представува одраз на добрососедство и разбирање,а всушност ова е едно од најголемите понижувања на македонската нација. Зошто никој не спомнува за прашањето на Прохор Пчињски,неговата анексија од Србија со благослов и потпис на Лазо Колишевски? Ако мислите дека сето ова е случајно,се извнувам,ама морам да ви кажам дека се лажете и тоа многу.. Македонскиот котел е зовриен повторно,а за тоа доволно зборува ова денес што се случува,како и неколку месечното молчење на грчката дипломатија,за да вчера наеднаш Трајко Вељановски официјално се ракува со грчкиот колега и на прес конференцијата и двајцата да зборуват за напредок и затоплување на односите меѓу двете држави. Она што јас се прашувам е кој од нашиве сервилни и продадени дудуци ќе ја има честа да излезе пред народот и да му го соопшти она,што никој од нас не сака да го слушне. Како и да е,времето се собира,па нема да чекаме долго за да видиме што се имаат договорено и потпишано на штета на Македонија!
Ако не се свести народот и ако на наредните избори не се сменат овие разобличени и обезличени бледи и сервилни фаци на македонската политичка сцена,тешко и горко на народот македонски.

Sign Petition
Sign Petition
You have JavaScript disabled. Without it, our site might not function properly.

Privacy Policy

By signing, you accept Care2's Terms of Service.
You can unsub at any time here.

Having problems signing this? Let us know.