СТОП ЗА НЕПРОПИСНОТО ПАРКИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКО-ПЕШАЧК

  • al: Nikola Neskoski
  • destinatario: Министерство за Внатрешни работи и Град Скопје

,,

Зголемена контрола на илегалното паркирање и окупирање на велосипедско - пешачки патеки и зони, како и јавни простори од страна на несовесни возачи на моторизирани возила

Со оваа петиција креирана од страна на еколошката организација ЕКО ЛОГИК се прават напори да се воведе зголемена контрола на илегалното паркирање и окупирање на велосипедско - пешачки патеки и зони, како и јавни простори од страна на несовесни возачи на моторизирани возила.

Во изминативе години Скопје како главен град трпи енормни промени, изразени преку секаков тип на пренатрупаност, изразена преку енормна урбанизација и пренаселеност. Како резултат на ова се зголемува и бројот на моторизирани возила во градот. Менталитетот на Скопјани, но и на луѓето кои се дојдени од други градови го зголемува негативното влијание на автомобилите, при што се забележува и преголемата употреба на моторизиран транспорт во градот.  
Постоечките (во катастрофална состојба) велосипедски и пешачки патеки низ градот се секојдневно окупирани од страна на несовесни возачи кои своите моторизирани возила ги паркираат буквално кај стигнат, не забележувајќи дали со тоа им го попречуваат нормалното движење на пешаците и на велосипедистите.  Во исто време се загрозува безбедноста на впешаците и велосипедистите со фактот дека се приморани да се движат на самите улици на кои нема место за ништо освен за - моторизиран транспорт.

Преку оваа петиција сакаме да го искажеме незадоволството на горенаведените загрозени групи на граѓани, кога станува збор за сообраќај и мобилност на граѓаните на град Скопје, и воедно да придонесеме кон воведувањ ена нови законски мерки преку кои конечно ќе се искоренат лошите навики на мнозинството на возачи во град Скопје - навики кои се на штета на голем број на граѓани кои како тип на транспорт го бираат пешачењето или возењето на велосипед.


  Преку оваа петиција која ќе биде испратена во форма на барање до Министерството за Внатрешни Работи и до Град Скопје, нашата организација бара да се воведат сериозни мерки кои ќе придонесат непречено движење на велосипедистите и пешаците на т.н патеки кои се на територијата на град Скопје. Дополнително, би сакале да се напомене моментот поврзан со безбедноста на најмладите - кои секодјневно наместо да ги користат пешачките патеки, се движат на самите улици, нешто кое е недозволиво и за кое бараме вовоедување на мерки во најбрз можен рок. Сепак, децата се поважни од автомобилите, зарем не?

Со надеж дека оваа петиција ќе биде поддржана и потпишана од страна на Вас - голем број на граѓани кои на одреден начин се незадоволни од моменталната ситуација во поглед на секојдневното движење низ нашиот главен град. 

За Скопје, град во кој сите сме еднакви, за Скопје, град во кој пешаците и велосиепдистите имаат свој простор по кој непречено и безбедно ќе можат да се движат, секој ден, секој час.


Со почит, 


Тимот на ЕКО ЛОГИК

firma la petición
firma la petición
Has deshabilitado JavaScript. Sin este programa, puede que nuestro sitio no funcione debidamente.

política de privacidad

al firmar, aceptas los condiciones del servicio de Care2
Puede administrar sus suscripciones por correo electrónico en cualquier momento.

¿Tienes dificultades para firmarla?? Infórmanos.