СТОП НА ЗАГАДУВАЊЕТО - ДА ГО ЗАПРЕМЕ ЕКОЛОШКИОТ ГЕНОЦИД НА МАКЕДОНИЈА!!

    Воздухот не прашува дали се викаме Северна Македонија или ФИРОМ, дали сме во Европска Унија, дали сме Македонци, Албанци, Турци..., ова е приоритетен проблем кој сите заедно треба да го решиме.

    Загаденоста на воздухот во македонските градови, пред се во Скопје веќе одамна е надвор од сите граници и светски рекорди. Владата во врска со тоа не презема ефикасни мерки што би имале реални и брзи резултати тврдејки дека не е во нејзината моќ. Единствената мерка се однесува на сообраќајот којшто се покажа дека не е главниот извор на загадувањето (во летниот период оваа година кога раздвиженоста на сообраќајот беше значително помала ниту пак беше присутно греење на домаќинствата загадувањето повторно беше на екстремно високо ниво). Очигледно постојат и други поопасни извори на загадување кои или се кријат од јавноста или сеуште не се точно дефинирани. И покрај различните објави, постирања на феисбук и сведоштва на граѓаните за лоцирани секојдневни исфрлања на чад од различни хемиски установи, цементари, железари, депонии коишто незаконски се палат, домаќинства кои се греат на отпад, како и тврдењата дека во Македонија се гори увезено фармацевтско ѓубре од странство владата не посветува внимание на овие прашања ниту пак потврдува дека прави редовна проверка на присутноста на активни соодветни филтри кај нив. Воздухот во ноќните часови има мирис на хемиски материи кои што не би можеле да бидат од преголем сообраќај или од греење на дрва.

    Ако не преземеме веднаш голема акција за Скопје ни се заканува вистински еколошки геноцид! Болниците се се пополни со граѓани кои се жалат на се посериозни здравствени проблеми, а најфаталните последици од овој хемиски експеримент врз нас допрва ќе ги видиме ние или нашите новороденчиња! Градбата на спортски игралишта кои што владата ги ветува нема да ни биде корисна, а Клиничкиот центар кој е во план нема да биде доволен да ги собере идните пациентите кои Маќедонија ќе ги има!

    БАРАМЕ ОД ВЛАДАТА ОВОЈ ПРОБЛЕМ ДА ГО СТАВИ КАКО НАЈПРИОРИТЕТЕН НА ЛИСТАТА И ВЕДНАШ ДА ГИ ПРЕЗЕМЕ СЛЕДНИВЕ МЕРКИ:

    1.Да набави филтри изработени по највисоките европски стандарди за сите објекти кои исфрлаат чад околу градовите (фабрики, цементари, железари и.т.н.) и редовно да ја проверува нивната активност (сметките за нивното исплаќање во случај на приватни објекти владата да ги дискутира отпосле, по решавањето на проблемот кој е поургентен).
    2.Да набави печки за еколошко горење на градското ѓубре по највисоките стандарди и да ги смести на локации далеку од населени места во согласност со вообичаената насока на движење на ветерот која треба да биде спротивна од таа кон населените места (воедно да започне да спроведува мерки за поделба на ѓубрето во иднина и негово рециклирање).
    3.Да пристапи кон долгорочно решавање на грејниот проблем кај сиромашни граѓани кои се грејат горејќи ѓубре (во прво време на истите да им овозможи греење на струја ако не постои друга опција за оваа зима и да им забрани користење на печки за горење на дрва).
    4.Да ги расчисти депониите и да врши редовна контрола тие да не бидат неплански палени.
    5.Доколку постои увоз на странско ѓубре да го запре и да воведе забрана за склучување на такви договори во иднина.
    6.Да ја запре претераната изградба на згради во градот кои го спречуваат протокот на воздух и го намалуваат зеленилото и да воведе забрана за натамошно непланско градење на такви објекти.
    Рокот од две години што го одреди владата за намалување на загадувањето е предалечен - мора да се преземе нешто веднаш!

    Доколку финансиските средства се насочат кон ефикасно решавање на овој приоритетен проблем сигурно ќе можат да се имаат конкретни резултати во многу поскоро време.

    Потпишувајте и споделувајте владата ќе мора да не послуша!
    firma la petición
    firma la petición
    Has deshabilitado JavaScript. Sin este programa, puede que nuestro sitio no funcione debidamente.

    política de privacidad

    al firmar, aceptas los condiciones del servicio de Care2
    Puede administrar sus suscripciones por correo electrónico en cualquier momento.

    ¿Tienes dificultades para firmarla?? Infórmanos.