Advancing Education with Sex Atlas

  • par: Tanja Barlakoska
  • destinataire: Министерство за здравство во Македонија / Ministry of Health in Macedonia

Providing bright and healthy future (Обезбедување на светла и здрава иднина)

Напредна медицина и успешен гинеколошки преглед се развива со:
- воведување на АСЕПСА (непостоење на бактерии)
- совршена анестезија
- познавање на физиологијата на гениталните органи на жената
- ендокринологија
- важни факти за превентива
- ефикасна медикаментозна терапија (значително ги прошируваат рамките на медицинската дисциплина и барања на кои имате право, а во почетокот проблемите се решавале исклучително хирушки. Со тоа се намалуваат компликациите кои навремено се откриваат и се лекуваат).

Егзогените фактори делуваат на целиот организам.
Гинекологот треба да се грижи за низа надворешни фактори кои можат да делуваат врз чувствителноста и репродуктивната функција на жената \ девојката, но МОДЕРНАТА ГИНЕКОЛОГИЈА, која не можи да си ја дозволи секоја жена во Република Македонија, треба да ја набљудува жената од пошироко гледиште, општествено-економските услови во кои живее, работи и создава.
Жената-мајка (нејзиното здравје и биолошките обврски на жената во семејството како сопруга и мајка се грижа на целата општествена заедница).
Тоа е утврдено со Уставот, а целото наше законодавство треба да ја заштитува жената -мајка која раѓа и одгледува деца.

Првиот сексолошки атлас е испечатен во Белград, 1969, по лиценца на:
Sexualkunde -atlas Biologische Informationen zur Sexualität des menschen
C.W. Leske Verlag, Opladen, 1969

И во германскиот оригинал предговорот е напишан од Министерот за здравство на Сојузна Република Германија.
А, во Белград Ранко Радовановиќ, професор, директор на просветно-педагошкиот завод во Белград.
Известувањето на децата и младите за половиот живот треба да биди ослободено од чувство на кривица, мистификација и наслаги од минатото.
Учењето за половиот развиток треба да биди врз основа на научно докажани факти и педагошки насочено од страна на сите општествени фактори меѓу кои училиштето го има најзначајното место.

Во Љубљана 1754 е основано првото училиште и е напишан првиот учебник за бабици
Загреб 1876 е основана првата школа за бабици
Србија 1900 е печатен првиот учебник

Акушерството е самостојна насока во XVIII век.


Јас знам дека некои од вас, кои за прв пат се среќаваат со оваа материја, не треба да се чувствуваат подредени, затоа што со промена на било кое ниво на нашата личност: емотивно, ментално или физичко, промената се случува на сите нивоа и има влијание истовремено.
Здравствената заштита на здравствениот работник треба да биди основа за активно учество и дејствување. Таа не смее да биди ограничена само на специјалистички гинеколошки амбуланти, советувалишта за бремени жени и болнички одделенија.
Постои широко поле на дејствување на секој здравствен работник со кој се сретнувате во здравствената установа, но и надвор од неа.
Активноста на Вашиот здравствен работник или матичен лекар ќе биди корисна, само ако е вооружан со знаење и свесен да ги препознае вредностите.
Само така ќе се надмини наследството од заостанатоста во нашата земја или земјите во развој како нашата.
Но, и многу работа и едукација за подобрување на условите на животот и придобивките од научните достигнувања во медицината да станат достапни до сите.
Пожртвуваност, знаење и придонес во настојувањата со својата работа можат да дадат значително спречување на компликациите и несаканите последици.


signer
signer
Vous avez désactivé JavaScript sur votre navigateur. Sans JavaScript, il se peut que notre site Internet ne fonctionne pas correctement.

politique de confidentialité

En signant, vous acceptez les conditions de service de Care2
Vous pouvez gérer vos abonnements à tout moment.

Vous ne parvenez pas à signer cette pétition ?? Faites-le nous savoir.